Боксер го парти противникот во нокдаун, потоа го гризна, ама загуби (ВУДЕО)

Николас Пабло Демарио го прати Хосуе Варгас на подот во петтата рунда од нивниот боксерски меч и водеше на поени, пред несфатливо да реши да го гризне својот противник, добивајќи казнен поен и н крајот губејќи го мечот.

Секако, ова веднаш предизвика споредби со (не)славниот потег на Мајк Тајсон на мечот со Ивандер Холифилд во 1997 година, кога одгриза дел од увото на противникот и беше дисквалификуван.

Демарио помина полесно, откако судијата реши да не го прекине мечот по гризењето на рамото, и доби само казнен поен. Дотогаш тој водеше со 47-46, 47-46, 46-46, пред Варгас да ги добие последните три рунди и да победи со 76-73, 76-74, 76-74.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО