Бокс шампионка ќе дебитира во ММА

Клариса Шилдс ќе се бори против Ивана Хабазин овој петок, со победа ќе стане најбрзиот шампион кој ќе освои три титули во три различни категории.

За време на прес-конференцијата за претстојниот меч, Шилдс кажа неколку интересни вести за нејзината кариера.

„Ќе го направам мојот прв ММА дуел на крајот на годината. Има многу работи што се случуаат околу мене. Не можам да направам се. Имам 24 години. Гладна сум за битки во секое време. Ќе биде забавно“.

Шилдс е шампион во средна категорија и изрази желба да се бори против Аманда Нунеш во УФЦ.

„Нунеш рече дека ќе се бори против мене ако добие еден милион американски долари. Јас предлагам 2 милиони долари. Ајде да влеземе во рингот. Никој не може да ме победи во стој“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО