Бен Аскерн го прогласи Хорхе Масвидал за борец на 2019-тата

Кој е најдобриот ММА борец за 2019 година?

Според ветеранот Бен Аскрен, Хорхе Масвидал ја заслужува оваа чест. Фанки падна брутално нокутиран од Масвидал на УФЦ 239, што го прави најбрзиот нокаут во историјата на УФЦ.

Потоа Масвидал забележа победа и над Нејт Дијаз на УФЦ 244.

„Сакам да му укажам на Израел Адесања, едноставно нема како се спореди“, рече Аскрен. „Гледајќи ги работите неутрално, Хорхе Масвидал е најдобар за 2019 година. Го заслужи тоа“.

Веројатно на Аскрен му било тешко да направи такво признание, особено по жестоката расправија со Гејмбред.

Сепак, Аскрен, кој се повлече од спортот во ноември, рече дека исходот од битката не му влијаел емотивно.

„Не ме повреди. Тоа е вистината. Не се чувствувам добро, но така се случија работите“.

Дефинитивно, Масвидал заслужува да биде признат како најдобар борец за 2019 година, а има и големи планови за 2020-тата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО