Бојана Манева го откажа учеството на СП: Го добив највредниот медал во мојот живот, ќерката Марија!

Бојана Манева го откажа учеството на Светското карате првенство во Будимпешта, Унгарија, од 24 до 29 октомври. Причина – новиот член на семејството. Таа се породи пред извесно време и донесе на свет ќерка. Го доби името Марија.

„Го добив највредниот медал во мојот живот. Затоа, морав да се откажам од учеството на СП во Будимпешта, иако изборив пласман. Има ли посреќна мајка од мене!? И двете сме добри, во добра здравствена состојба. Сега со спортот ќе почекам“, вели државната првенка на Македонија до 68 килограми Бојана Манева за Штипски асови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО