Бојан Клименков и Минир Реџепи најдобри на „Андонов-Колев“ во Кочани!

Minir Redzepi i Bojan Klimenkov

Бојан Клименков (-38 кг) од БК Спартак е прогласен за најдобар борач на Меоријалниот турнир во борење „Андонов-Колев“, кој по 19 пат с еодржа во Кочани, додека Минир Реџепи од БК Лирија е прогласен за најдобар техничар.

Најдобар впечаток за публиката остави репрезентативецот Елмедин Сејфулаху (Лирија, кој на доста атрактиве начин ги добиваше борбите и тоа за многу кратко време.

Учествуваа шест клуба со 29 борачи: Спартак, Лирија, Неготино, Блаканец, Борец и 7 Мај Леов.

Посебн печат на турнирот му даде присуството на претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Ванчо Чифлиганец, спортскиот директор Насе Насев, олимпискиот шампион Шабан Трстена, носителот на бронзениот медал од ОИ во Сиднеј 2000 година Могамед Ибрагимов, како и на олимпиецот од Спартак, Влатко Соколов. Присутни беа и семејствата на прерано починатите асови на Спартак.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON