Бобан Илиоски во одлично бокс издание, еден судија навиваше (ФОТО)

Бобан Илиоски прикажа многу добра борба против многу поискусниот боксер Григор Саруханјан од Бугарија во неговиот втор професионален меч во четири рунди, но загуби со поделена контроврезна судиска одлука. Двајца судии борбата ја бодуваа нерешено, а еден му даде предност на бугарскиот боксер од еден поен.  

„Боби изгуби, иако доминираше во прва рунда, исто така и во втора рунда, при што на противникот му бореја. Во третата рунда Боби беше понеактивен, но четвртата беше изедначена. Боби изгуби со еден бод разлика, двајца судии борбата ја бодуваа нерешено, а еден судија му даде еден бод повеќе на противникот. Според мене, Боби беше подобар и требаше да победи, но тоа е што е. Ваквите борби на Илиоски во овој корона период добро му доаѓаат, за да ја одржува формата исцекувајќи ги големите меѓународни светски и европски првенства во кик бокс и мај тај кои следат оваа година“, изјави по борбата за Ипон.мк тренерот Дејан Митровски кој дополни дека Илисоки два пати го собоувал противникот, но само еднаш му броеле.

„Судиите беа неправедни, му излегуваа во пресрет на противникот, давајќи му одмор за време на рундите и го форсираа да победи“, нагласи Митровски.

Саруханјан важеше за голема надеж на бугарскиот бокс, но заглави во затвор и сега е човек со променети ставови и голем промотор спортот и отргнување на малдите од улицата, па затоа организаторот посакуваше негова победа.

За Илиоски ова е голем плус, бидејќи против многу посикусен протиник избоксира монгу добро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО