Бобан Данов е нов селектор на репрезентацијата во борење

Доскорешниот репрезентативец во борење Бобан Данов е новиот селектор македонската репрезентација во слободен стил. Оваа одлука е донесена на вчерашниот состанок на Управниот одбор на Боречката федерација на Македонија.

Данов ќе дебитира на Светското сениориско првенство во Осло, Норвешка, од 1-7 октомври.

„На СП ќе настапиме во моментов со најподготвените борачи, носителот на бронзениот медал од претходниот шампионат Могамедгаџи Нуров и Владимир Егоров, бронзен медалист од ЕП. Се надевам на медал, но тука ќе треба да имаме среќа и со жребот“, вели Данов.

Тој истакнува дека понатaму ќе се посвети поголемо вниманиe на борачите до 23 години и нивното учетсво на СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО