Американскиот борец Бо Никал доби нов противник откако Тресеан Гор го откажа настапот на саботниот настан на УФЦ 290 поради повреда.
Наместо Гор, во оган ќе скокне непоразениот Јамајканец Вал Вудбурн, кој има седум победи во кариерата.
Вудбурн требаше да се бори со Марко Тули на ДВЦС на 29 август.
Беше шампион во средна категорија во промоцијата на Комбат најт, а во седум настапи пет пати победи со нокаут.
Никал има само четири професионални борби, од кои две се во ДВЦС и една во УФЦ.
Во своето деби за најголемата светска ММА организација во март, тој го победи Џејми Пикет со завршница во првата рунда.