Блејдс сака борба против Миочиќ за појасот за привремен шампион

Американскиот борец Кaртис Блејдес веќе неколку години е на врвот во тешка категорија, но се уште не се борел за шампионскиот појас.

Тој загуби само две од неговите девет борби во последните четири години, подобри од него беа Френсис Нгану и Дерик Луис.

„Разор“ последниот меч го имаше минатиот септември кога со едногласна одлука на судиите го совлада Жаирзињо Розенструик.

Моментално е на четвртото место зад Сирил Гане, Стипе Миочиќ и Таи Туиваса.

Блејдс повторно влегува во октагонот на 26 март кога се бори со Крис Даукаус. Доколку го добие тој дуел, Разор би можел да се надева на некоја посериозна понуда од УФЦ.

Шампионот Френсис Нгану наскоро ќе биде опериран и го чека малку подолго закрепнување. Камерунецот би можел да се врати на борбите кон крајот или почетокот на следната година.

Може да се случи УФЦ во меѓувреме да организира натпревар за привремен шампион. Многумина сметаат дека ова треба да биде меч меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс, но и Картис Блејдес ја гледа својата шанса.

„Кога ќе го освоите привремениот појас, барем знаете дека ќе се борите за титулата. Ми се допаѓа тоа. противник може да биде Стипе Миочиќ или којбило друг. Би сакал да се борам за титулата привремен шампион. И на навивачите им се допаѓа, бидејќи тогаш се знае кој е следниот предизвикувач. Застојот во категоријата започна од првиот меч меѓу Миочиќ и Кормиер. Отсекогаш имало проблеми со шампионот, но навикнат сум на тоа“, вели Картис Блејдес и истакнува дека доаѓањето на Џон Џонс ја искомплицирало ситуацијата во врвот на тешката категорија:

„Би сакал да го гледам Хенри Сехудо против Александар Волкановски, тој постојано зборува за тоа, но се уште не направил ништо за тоа. Колку подолго чекате, толку сте постари, побавни и помалку експлозивни. Адесања сакаше да се бори во повисока категорија и тоа го направи. Ако Џонс сака да се бори во тешка категорија, нека го направи тоа. Па не е толку тешко. Сè би било многу појасно кога би знаеле што планира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО