ММА борецот Блаже Дардов кој за 4 секунди го нокаутираше Плеурат Смајли на Муња фајтинг чемпионшип во Загреб стана хит во медиумите во регионот.
„Македонецот Блаже Дардов (1-1), во тоа време (4 секунди) го нокаутира хрватскиот борец Плеурат Смајли (2-3).
По гонгот за почеток на борбата двајцата се замаваа во центарот на кафезот, а Дардов погоди со десно кроше со кое ја одлучи борбата и ја постигна првата победа во неговата кариера“, пишуваат хрватските медиуми за нокаутот на Дардов.
Дали и самиот веруваше дека толку брзо ќе ја завршиш борбата?
-Инаку не очекував така брзо да се заврши борбата. Ударот пресуди.
Интересно е што Дардов направи еден танц пред да ја почне борбата, за што вели: „Танцот го правам скоро пред секоја борба“.
Инаку Дардов е од Кавадарци, а учи во Битола и тренира во Нинџицу клубот Битола кај тренерот Сашко Мирчевски.
Ipon.mk/В.Д.