Благој Донев: Регионалната бокс лига во нов формат, ако се дговорат федерациите

Завчера во Белград, Србија се одржа заеднички состанок на претставниците на боксерските федерации од поранешните ју-простори. Македонија ја претставуваше потпретседателот на БФМ, Благој Донев од Штип, претседател на БК Баргала. Беа донесени повеќе заклучоци.

„Се договоривме да нема Регионална балканска лига во досегашниот формат. Тоа е главен заклучок. Доколку се постигне договор меѓу федерациите, тогаш Регионална лига ќе има, но од месец септември годинава. Федерациите сметаат дека досегашниот формат бил налик на приватна лига. Догворена е регионална соработка. Договорени се заеднички подготовки на Златибор во месец јуни. Исто така, според правилата на Европската боксерска унија, секој клуб во иднина може да регистрира и професионални боксери, кои би можеле да учествуваат и на ЛОИ. Усвоен е и календарот за натпревари. На 29 март ќе се одржи ЕП за малди сениори, во Романија, за боксери до 22 години. Досега е познат еден боксер од Македониа, кој би учествувал на ова ЕП- Гоце Јаневски од Аперкат. Балканското првенство во Црна Гора за сениори ќе се одржи во месец октомври, а Медитеранските игри во месец јуни. Верувам дека на овие првенства ќе учествуваат и боксери од Македонија. Во Македонија екипното првенство ќе почне во месец март“, изјави Благој Донев.
Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО