БКФЦ ги сака Алистер Оверем и Жуниор дош Сантос

Организацијата за борби со голи раце (БКФЦ) е заинтересирана за легендите во тешка категорија Алистер Оверeм и Жуниор дош Сантос. Пред неколку дена, УФЦ одлучи да раскине со двајцата затоа што тие веќе имаат години и навистина нема за што да се борат во кафезот.

И двајцата земаа многу високи плати, а Дана Вајт дефинитивно донесе добра одлука да се раздели од нив. Дејвид Фелдман, претседател на БКФЦ, за BJPenn.com изјави дека има интерес за двајцата борци.

Фелдман откри и дека веќе контактирале со таборите на двајцата спортисти и ќе преговараат. Оверем и Дош Сантос имаат голема моќ и многу победи со нокаут во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON