БКФЦ ќе му понуди договор на Френсис Нгану

Претседателот на БКФЦ, бокс со голи раце, Дејвид Фелдман, откри дека неговата промоција е заинтересирана за поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану. Пред неколку дена се дозна дека тој ја напуштил промоцијата на Дана Вајт поради финансиски несогласувања.

Сега пристигнуваат понуди од многу места за Нгану, кој сака да ја продолжи кариерата во боксот.

„Многу сме заинтересирани да потпишеме со Френсис Нгану. Би сакале да го видиме како се натпреварува во тешка категорија на БКФЦ.

Ќе му испратиме понуда и се надеваме дека навивачите ќе го видат во БКФЦ во 2023 година“, рече Фелдман за ММА Џанки.

Френсис дефинитивно ќе биде терор во борбата со голи раце. Сепак, нема многу пари во овие борби, па шансите на Френсис за БКФЦ не се големи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО