БК Пинк пантер тим ветува беспрекорна организација на Државното поединечно првенство во бокс во Штип

Во пресрет на Државното поединечно првенство во викендов, БК Пинк пантер тим – Штип како технички организатор ветува, како и многупати досега, беспрекорна организација и интересна програма.

Мерењето и жрепката се предвидени за сабота и недела (25 и 26 ноември) во 10 часот, а борбите со почеток од 14 часот и во полуфиналето и во финалето.

„Во последната сезона БК Пинк пантер беше во фаза на реформи, па овојпат екипата ќе биде составена од 6 боксери, кои ветуваат нови успеси, а истите ќе бидат предводени од легендите на штипскиот бокс, тренерите Петре Чурлиновски и Славе Денков“, вели првиот човек на БК Пинк пантер, Димитар Ташков и нагласува:

„Очекуваме резултат со кој успешно ќе ја завршиме сезонава, а веднаш потоа во декември ќе ја финализираме реформата и ќе ја објавиме новата управа во клубот. За која само можеме да кажеме дека ќе биде составена од имиња – синоними за штипскиот бокс. Така, со новиот соатав веќе за наредната сезона имаме нова стратегија и со сигурност можеме да најавиме резултат за искачување на БК Пинк пантер на врвот на табелата на Македонската боксерска лига и градење на нови меѓународни резултати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON