Каратистите на Макпетрол ги добија противниците на Карате 1 Серија А во Португалија

На последниот собир од серијата турнири на Карате 1 Серија А, односно светската Премиер карате-лига) од денес до 26 ноември ќе се одржи во Матосинхос, Португалија, а на него ќе учествуваат и членови на Карате клубот „Макпетрол“ кои ги добија противниците.

На Карате 1 Серија А ќе настапат 990 спортисти од 70 земји. Тимот ќе го предводи тренерот и натпреварувач Петар Заборски.

На првиот турнир од светската премиер карате-лига годинава, што се одржа во Атина, Витомир Трајковски (-84 кг.) се закити со бронзен медал. Минатиот месец на турнирот во Ларнака Петар Заборски (-75 кг.), освои бронза, а Стефан Стојановиќ беше петтопласиран.

Карате 1 Серија А – Матосинхос 2023:

75 кг
Петар Заборски – Херохи Пицул (Украина)

84 кг
Витомир Трајковски – Џијанмарко Маглијано (Италија)
Петар Спасеновски – Аро Туоминен (Финска)/ Јулијан Нобе (Холандија)

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Леонардо Переира (Португалија)

61 кг
Викторија Јовановска – Дарија Питта (Италија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО