Младите надежи на БК „7 Мај Леов“ Теодор Темелковски, Христијан Пенков и Маријан Мимичкоски, предводени од тренерот Илчо Марковски и спортскиот директор Рубин Талески, заминаа на мини подготовки во Стара Загора – Бугарија.
„По завршувањето на подготовките младите прилепски борачи, моменталната форма ќе ја проверат на силниот меѓународен турнир што ќе се одржи во Стара Загора наредниот викенд“, соопшти тренерот Сашо Игнатовски.