Бјорнсон го победи Хол во најтешкиот бокс меч (ВИДЕО)

Дуелот на двајцата носители на титулата „најсилен човек на светот“ во минатото, Тор Бјорнсон и Еди Хол можеби ги разочара боксерските фанови поради фактот што двајцата не покажаа многу бокерски квалитети, но пресметката во Абу Даби беше интересна како што беше промовирана во „најтешкиот“ боксерски меч во историјата.

Во рингот Хол започна со неколку силни удари кои го фатија Бјорнсон неподготвен. Бјорнсон одговори со цврсти леви крошеа што го раскрвавија десното око на Хол. Еди го удри Тор во втората рунда, соборувајќи го на земја, но Бјорнсон брзо се опорави.

Хол повеќе се трудеше во третата рунда и постигнуваше тешки удари од контранапади, но Бјорнсон успеа да зададе голем нокдаун во преостанатите секунди од рундата. И двајцата крупни мажи си разменија удари во четвртата рунда, но без нокдаун.

Хафтор почна да го зголемува притисокот во четвртата рунда додека Хол ги држеше рацете надолу и се движеше назад низ рингот. Тор покажа добро кардио за својата тежина и постигна подобри удари на мечот.

Исланѓанецот Хафтор Бјорнсон, кој стана популарен како „Планината“ во серијата „Игра на троновите“, покажа повеќе и на крајот стигна до едногласна победа на поени (57-54, 57-54, 57-54) по шест рунди.

Со победата Бјорнсон го подобри скорот како професионален боксер на 3-0.

По победата, двајцата „тешкаши“ кои се навредуваа повеќе од година дена пред мечот, завршија во прегратка.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО