Бизарно: Жена се тепаше против дедо од 75 години и неговиот 18-годишен внук (ВИДЕО)

Една од најбизарните борби во ММА историјата се одржа во Русија. Седумдесет и пет годишен дедо во тандем со својот 18-годишен внук влегоа во рингот за да се тепаат со жена.

Во таканаречената „хендикеп борба“, Владимир Спартак и Биг Игибоб се бореа против Јулија Мишко, која го носи прекарот Томбо. Жената делуваше доминантно во однос на дедото и внукот, а необичниот меч траеше три борби.

Во деветте минути поминати во рингот, 75-годишниот дедо беше многу поагресивен од неговиот внук, кој дури и сам се лизна и падна во рингот. На крајот, судиите решија дека нема победник во овој можеби најбизарен меч во историјата на ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО