Бившата на Кличко брзо си најде љубовник (ФОТО)

Хајден Пенетир не губеше време и брзо си најде нов маж по разделбата со Владимир Кличко. Уште „нестивнала веста“ а 28-годишната актерка беше фотографирана од папараците со свој колега. Се работи за нејзиниот колега Брајан Хикерсон, кој во моментов ја зачекорува во актерската професија.

И двајцата беа видливо среќни и опуштени при излегувањето од модерно место во Западен Холивуд. Хајден се појави боса на асфалтот, дури и кратко заигра со Брајан за фотографите кои чекаа. Стана јасно заљубените гулабчиња се сретнаа преку обични пријатели. Според информациите од списанието Е! излегуваат еден месец.

Во исто време 42-годишниот Владимир Кличко го поминува своето време меѓу Европа и Флорида, а тригодишната ќерка Каја главно е со него и неговото семејство. Мајката на Хајден соопшти дека двајцата со бокс легенда се разделиле со взаемна согласност и се во добри односи.

Владимир и Хајден ја започнаа својата врска во 2009 година. По кратка пауза, се сретнаа во 2013 година, но не стигнаа до свадбата. Сепак, на крајот на 2014 година на свет дојде нивната ќерка Каја. Потоа Хајден Пенетир запдна во тешка породилна депресија и дури пристапи на лекување во специјализирана клиника.

Гласини за проблеми во рајот имаше уште од 2016 година, кога актерката беше забележана дека не го носи прстенот. Потоа Пенетир објасни дека ова нема никаква врска со нивната врска. „Недостатокот на прстенот не значи крај на една врска. Благословена сум да бидам со моето прекрасно семејство“, напиша тогаш Хајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON