Битолчани собраа 22 медали на „Бугарија опен“

Тимот на Нинџуцу клубот Битола и Паунд фор паунд теам Македонија освоија 22 медали – 14 златни медали 5 сребра и 3 бронзи на „Бугарија опен 2023“ во Софија на турнирот за повеќе боречки спортови (аматерска ММА, граплинг, џиу џицу и засебната дисциплина во граплинг – сабмишн онли).

Инаку нашиот тимот го с очинуваа 2-ца јуниори и 7 сениори кои се бореа во повеќе дисциплини.

„Имаше демонстрација на добри техники, како во делот на удирање така и во борење и партер (на земја), што е добар показател дека се работи на правиот пат и се градат млади шампиони кои се познавачи на повеќе борбени вештини истовремено.

Во делот на ММА имавме 100% успех, односно без пораз, каде се бореа 4-ца наши борци, кои преку вакви турнири работат на своите вештини и техники за еден ден да настапат и во сериозна професионална организација за ММА“, вели тренерот Сашко Мирчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО