Биспинг загрижен поради несериозниот однос на Мек Грегор кон борбата за средбата со Хабиб

Ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, се подготвува за средбата со Хабиб Нурмагомедов за титулата во лесна категорија на 6 октомври на УФЦ 229. Во својот подкаст поранешниот шампион во средна категорија Мајкл Биспинг изрази загриженост оти „Озлогласениот“ не се залага доволно сериозни во некои елементи од подготовките.

„Она што ме загрижува е, судејќи според позициите на социјалните мрежи, Мек Грегор заедно со својот тренер, Џон Кванаг, не тренираат доволно сериозно борба“.

„Не гледам борци во салата. Не гледам џиу џицу експерти. Не го гледам Дилон Данис со нив. Не ги гледам и Русите со кои требаше да работат“.

„Може и да тренираат со разни Бугари и Руси. Дури и со Американци, но не ги гледам“.

https://youtu.be/O1MLbwVAiaU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО