Биспинг на поранешниот менаџер мора да му плати 400 илјади долари

Мајкл Биспинг и неговиот поранешен менаџер прво се згужваа во чекалницата на судот, а потоа на поранешниот шампион на УФЦ му беше одредена дебела казна.

38-годишниот борец мора да му плати својот поранешен менаџер, Ентони Мек Ган, околу 426.000 долари. Менаџерот го тужеше поради неплаќање за шестгодишниот договор што го потпишал пред Грофот да се појави во УФЦ.

Менаџерот побара удел во неговата заработувачка за периодот од 2005 до 2011 година.

Судијата застана на негова страна, но и додаде дека неговиот менаџер „многу претерал“ во неговите барања, но предочил и лажни документи и докази.

Иако досуди во негова корист, судијата го осуди однесувањето на двајцата, обвинувајќи дека соработувале во обидот да затајување на данокот.

„Г-дин Биспинг исто така заедно со г-дин Мек Ган учествуваше во бидот за затајување на даноците од австралиските власти преувеличувајќи ги трошоците на г-дин Биспинг за 2010 и 2011 година“.

Оваа судска одлука доаѓа откако Биспинг доживеа два порази во ноември. Прво во Њујорк го загуби шампионски појас во средна категорија од Жорж Сент Пјер, за потоа во Шангај да го нокаутира Келвин Гастелум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО