Биспинг ја извади очната протеза и откри дека последните 11 борби се биорел без едно око (ВИДЕО)

Мајкл Биспинг на својот подкаст „Верувај ми“ ја извади очната протеза.

Поранешниот шампион во УФЦ во средна категорија откри дека последните 11 борби во кариерата ги одработил со едно око, криејќи го тоа од спортската комисија.

Во тој период го победи Андерсон Силва и го нокаутира Лук Рокхолд во мечот за титулата на УФЦ.

Четириесетгодишниот „Гроф“ последен пат се бореше во ноември 2017 година и ја заврши кариерата со сооднос 30-9. Беше член на УФЦ од 2006 година.

Во текот на кариерата ги победи и Ден Хендерсон, Кунг Леи, Тале Лејтс, ЦБ Долавеј, Брајан Стан, Јошихиро Акијам, Хорхе Ривер, Џејсон Милер, Мет Хамил и Крис Лебен.

https://www.youtube.com/watch?v=bM9hQv_swHw
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО