АктуелноМеѓународна сценаММА

Биспинг е подготвен да се бори со Сент Пјер

Шампионот на УФЦ во средна категорија, Мајкл Биспинг (Англија), е со намера да се бори со поранешниот носител на круната во пониската полусредна категорија, Жорж Сент Пјер (Канада).

„Сакам да се сретнам со него, бидејќи и тој има желба да се бориме. Сакам да заработам 7 милиони долари од меч што ми одговара. Потоа сум подготвен, само по шест недели, да се борам со официјалниот кандидат Јоел Ромеро (Куба)“.

Кубанецот е во феноменална форма. Нема пораз од 2013 година, а во последните три натпревари победи исклучително силни противници – Крис Вајдман, Роналдо Соуса – Алигатор и Лиото Мачида – Драгон.

Од друга страна, Сент Пјер не влегол во октагона од ноември 2013-тата, кога последен пат ја бранеше титулата. На почетокот на годината Џо Роганобјави дека Канаѓанецот преговара за своето враќање во УФЦ.

https://youtu.be/suiiz2lMGp8

.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON