Пријателството меѓу Хамзат Чимаев и Дарен Тил е се посилно, вели Мајкл Биспинг. Минатата недела Биспинг беше на коментаторското место на УФЦ 272 во Лас Вегас, а додека беше во градот вечераше со Чимаев и Тил.
Биспинг решил се вози со Чимаев, кој возел како целосен манијак. Минатата година Хамзат искрши сосема нов џип што му го даде Рамзан Кадиров. За негова среќа, Кадиров покажа дарежливост и му подари уште еден џип.
Во интервју за Ариел Хелвани, Биспинг го раскажа искуството со Чимаев, кое ќе го памети цел живот:
„Ужасно. О Боже, јас бев во автомобилот со нив. Хамзат и Дарен наизменично се менуваа. За малку ќе умрев. Тие имаат 28 и 26 години, јас имам 43. Јас сум малку стар. Излеговме на вечера во петок навечер.
Ме однесоа од хотелот, што е многу убаво. Потоа ме вратија во хотелот и ми се вртеше малку. Хамзат вози како апсолутен манијак! Вози на погрешна страна од патот.
Тоа го направи намерно, избегнувајќи сообраќај. Седев позади грбот и викав, па го ставив појасот. Застанавме на бензинска и влегов да купам нешто и на излегување ги видов како „пилаат“ гуми на паркингот.
Им кажав дека ќе бидат уапсени. Ќе бидам многу импресиониран ако не умрат и завршат во битки во кафез. Сето тоа го прифатија со потсмев.
Се однесував како мала кучка и затоа уште повеќе лудуваа. Бев згрозен од сето ова. Го сакам моето семејство и сакам да остарам. Не сакам да умрам во автомобил со Хамзат и Дарен Тил кои ми се смеат“.