Бирмејн Стиворн: Ќе го нокаутирам Поветкин

Povetkin Stivorn

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Бирмејн Стиворн му се закани на руската ѕвезда Александар Поветкин дека ќе го нокаутира.

Тие треба да се сретнат за привремената титула на Светскиот боксерски совет. Победникот од оваа средба ќе има можност да боксира со шампионот на организацијата Дионтеј Вајлдер, кој во моментов ја залечува повредата.

„Планирам да го нокаутирам Поветкин, а потоа ќе му се одмаздам на Вајлдер“.

Организатор на мечот најверојатно ќе биде Дон Кинг. Тој планира оваа средба да се одржи на егзотична дестинација, како Република Конго или Филипините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО