БФРСМ на состанок во Пореч за проект за млади надежни спортисти и со помали финансиски можности

Делегација на Боречката федерација на РСМ викендов присуствуваа на  состанок во Пореч, Хравтска со претседателот на Хрватската боречка федерација Влаго Бреговиќ и претседателот на Боречката Федерација на Србија, Жељко Трајковиќ, на кој разговараа за прокетот за млади надежни спортисти и спортисти со помали финансиски можности, како момчиња така и девојки.

Нашата делегација ја предводеше претседателот на БФРСМ, Дејан Богданов, придружуван од техничкиот секретар Драгана Савева и членот на Управниот одбор Викторија Кукушев.

Како што известуваат БФРСМ, ова е првиот состанок на кој се зборувало за новиот проект кој трите федерации ќе го спроведуваат заедно со борачки клуб и сојуз од Загреб.

Овој проект е прв од ваков тип во БФРСМ, проектот е регионален и финансиски покриен од Европската Унија, Еразмус+ програмата за спорт.

Проектот ќе трае 24 месеци и опфаќа млади надежни спортисти, ќе бидат опфатени и спортисти со помали финансиски можности како момчиња така и девојки.

#wrestlingacademyforpositivevalues е името на новиот проект кој што го подготвуваат трите држави заедно.

„На оваа академија ќе бидат опфатени 60 млади надежни спортисти и 30 тренери од сите држави еднакво ( 20 спортисти и 10 тренери од секоја држава).

Експерти ќе ги обучуваат младите за важни теми како што се антидопинг, исхрана, заштита од повреди и фер плеј“, истакнуваат од БФРСМ и додаваат:

„Првиот состанок се одржа во Пореч и продолжуваме со следната активност во Србија во септември, каде што ќе биде одржана и првата обука. Во нашата држава обуката е планирана во февруари 2023 и завршуваме во мај во Хрватска 2023 година. Проектот ќе се реализра во следните 24 месеци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON