БФМ: Награди за првите три екипи од Државното првенство, исплата на семејството Неделковски

На седниците на Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) донесе неколку заклучоци и одлуки, а како приоритет се истакна реализацијата на извршната судска одлука која се однесува на исплатата на семејството Неделковски да се реши во најскоро време преку Агенцијата за млади и спорт или преку присилна наплата.

Донесена е одлука Златниот гонг оваа година да се одржи во организација на БФМ, во соработка со други институции, а турнирот да се одржи во 5 дена односно 3 натпреварувачки денови во Скопје. Притоа, средствата предвидени за „Златниот Гонг„ од Градот Скопје, да се пренаменат од Сојузот на спортските федерации на Македонија на БФМ.

Стартот на Лигите (сениорска и младинска) е на 16 – 17 септември во Штип, во техничка организација на БК „Баргала“ од Штип. За реализација на Лигите е одлучено: Федерацијата да обезбеди заеднички ручек за време на колата; организиран превоз; осигурување на спортистите боксерите; лекарски прегледи на спортистите – боксерите; за висината на такисите на службенните лица за реализација на Лигите да се побара предлог од судиската комисија при БФМ; Федерацијата да партиципира со средства за секој боксер кој ќе боксира на коло од Лигите; клубот да добие средства по 1.000 денари; од 1 до 3 боксери исправни на лекарски прегледи и на вага клубот ќе добива надмест од 3.000 денари;  од 4 и повеќе боксери исправни на лекарски прегледи и на вага клубот ќе добива надомест од 6.000 денари;  исплатата ќе се врши по три одржани кола и на крајот од Лигата, односно по 6 коло.

Оливер Станков, Илија Младеновски и Душко Сачкарски треба да го усогласат Календарот за натпревари.

Да се одржи семинар за тренери и судии пред почетокот на Лига натпреварите и да се испита постапката за организација на семинар за тренери и судии во соработка со АИБА. Потоа да се одржат 15-дневи подготовки на репрезентацијата пред одржување на Златниот гонг на предлог на тренерската комисија.

Илија Младеновски, Фатон Салиху и Оливер Станков треба да дадат предлог за набавка на спортска опрема.

БФМ ќе бара нов работен простор под наем.

За одржаното Државно првенство за 2017 година се донесе одлука Федерацијата да партиципира средства на клубот учесник на Првенството со 6.000 денари плус по 2.000 денари по боксер кој имал борба на првенството, а за најдобрите три екипи на првенството да се доделат средства во износ од 30.000 денари за 1-во место, 20.000 за 2-ро место и 10.000 денари за 3-то место.

На членовите УО за учество на седниците на БФМ ќе се исплатуваат патни и дневни трошоци. Преригистрација на клубовите и боксерите за 2018 година е до 28 февруари 2018 година.

БФМ ќе вработи уште едно техничко лице и ангажман на личност за подготовка и одржување на веб-страната на Федерацијата.

Ќе се набавува спортска опрема за настап на боксерите во рингот: маици, гакици, штитници за заби и гениталии и е покрената постапка за набавка на 4 ринга.

Одбрен е месечен хонорар во износ од 6.000 денари за селекторот на репрезентациите, со задолжување да врши посета на клубовите за селекција, следење и подготвување на програма за репрезентативните боксери.

Федерацијата во соработка со Факултетот за образование, спорт и здравје во наредниот период ќе организира школа за боксерски тренери. За таа цел, се задолжува Факултетот да подготви програма со финасиска конструција за реализација на истата.

По поднесената жалба до УО на БФМ од страна на Јадигар Џеладин (БК Тернипе) во врска со суспензијата од супервизорот на поединечното Државно првенство на Македонија во бокс за 2017 година е донесена одлука за намалување на казната од 6 на 3 месеци, почнуваќи од 01.09.2017 година до 30.11.2017 година.

БК Алексо Огненовски од Охрид е нов член на БФМ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО