Бетим Вренези: Имаме поддршка и од Лаловиќ и од Ценов (ФОТО)

Македонската делегација на Европското првенство во борење во Нови Сад, Србија, пртеседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и потпретседателот Дејан Богданов, имаа средба со претседателот на ОСБ/UWW (Обединетото светско борење) и со Цено Ценов, претседател на ОБС Европа, како и со делегатите од европската организација.

„Ја имаме поддршката од Лаловиќ и од Ценов. Тие се надеваат дека нема да ги разочараме, како некои од поранешните раководства, кои направиле само долгови. Но, откако и објаснивме како стојат работите, по еден час имавме посебен состанок и со Лаловиќ и со Ценов“, вели Вренези.

ОБС Европа на Конгрес бираа претседател, а Цено Ценов доби уште еден 4-годишен мендат.

Иако се очекуваше дека ќе се зборува и за проширување на категориите, сепак, за тоа не станало збор, оти сите тренери го бојкотирале второто мерење, однонсо протестирале. Во оваа насока е и одлуката за мерењето. Сето ова ќе се решава на Светското првенство.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО