Артур Бетербиев (20-0) официјално пристигна во Ријад за да влезе во завршната фаза од подготовките за мечот против Дмитри Бивол (22-0) кој ќе го одреди како следен неприкосновен шампион во полутешка категорија. Русинот со канадски пасош беше пречекан со цвеќе од домаќините.
Бетербиев разговараше и со дел од домаќините, бидејќи видеото од неговото пристигнување го сподели шеикот Турки Алалшик, иако тој не беше дел од делегацијата.
Потсетуваме, Артур на 12 октомври ќе ги заложи појасите на ИБФ, ВБЦ и ВБО на линија против Бивол, за да се обиде да му го одзема појасот ИБО.
Boxer Artur Beterbiev arrives in preparation for his showdown against Russian Dmitry Bivol at #IVCrownShowdown and the #RiyadhSeason opening 🥊🔥
Book your ticket now 👇 https://t.co/kKzH9hTzIn#BigTime pic.twitter.com/rycTGKOKgJ
— TURKI ALALSHIKH (@Turki_alalshikh) September 27, 2024