Бесниот Ковалев: Ударите беа под појасот

Русинот Сергеј Ковалeв беше бесен за скандалозното прекинување на неговиот меч со Андре Ворд за светските титули во полутешка категорија. Поранешниот шампион беше видливо повреден и седна на јажињата по неколку напади на работ на дозволеното под појасот.

„Ме погоди со удари под појасот. Судијата не ги виде. Имав чувство дека можам да продолжам. Тоа се чисти глупости“, рече по натпреварот Ковалев.

Во првата средба Ковалев загуби на поени и тогаш имаше забелешки на судиите кои ги пополнуваа картичките. Русинот ќе добие процент од приходите од платеното телевизиско емитување и од билетите за галавечерта. Хонорари на Вард беше фиксиран на 6,5 милиони долари.

https://youtu.be/ineaHIHmT3Q

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО