Бес на Усик: Тоа ла*но загуби од Дубоа

Британскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, го обвини Александар Усик дека мамел за време на борбата со Даниел Дубоа.

Да потсетиме дека Усик беше испратен на подот од Дубоа во 5. рунда. Александар рече дека тоа е удар под појасот. Судијата го досуди недозволен удар, додека британскиот тим и самиот Даниел изјавија дека ударот е во рамките на правилата.

Навивачите сè уште се расправаат за овој момент што можеше да го направи Дубоа шампион. На крајот, Усик го победи со нокаут и ги задржа титулите. Тајсон Фјури не е голем фан на Усик, со кој беше во преговори за борба на почетокот на годинава.

„Ромскиот крал“ верува дека Дубоа го победил Усик во нивната борба.

„Усик е мало лајно, лажеше. Тој мора да биде богобојазлив човек. Усик, не биди малку кукавица, биди маж. Тоа не беше удар под појасот. Усик загуби, беше победен од Дубоа“, рече Фјури за новинарот Мајкл Бенсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО