Берат Јакупи ѕвезда на преодниот рок кај каратистите!

Berat protiv Iran

Берат Јакупи е најголемото име што ја промени средината во преодниот рок за каратистите.

Тој од КК Фати од Тетово премина во КК Асиарт од Гостивар, односно во неговиот клуб, каде што ќе биде и тренер и натпреварувач. Како што дознаваме со досегашниот клуб и тренерот Арлинд Хусеини се разделиле во пријателска атмосфера посакувајќи си успеси, а КК Фати не бараше обештетување за неговиот премин во Асиарт.

Klub na Berat

На Собранието на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на КК Асиарт од Гостивар беше примен во карате семејството на Македонија.

Да потсетиме дека Јакупи е освојувач на повеќе медали од европските и светските првенства, како и победник на Карате 1 Премиер лигата и државен првак.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON