Фјури кон Кличко: Харизматичен си колку моите гаќи!

fjuri klicko pozz

Тајсон Фјури продолжи со навредите кон Владимир Кличко и на вчерашната прес конференцијата, како најава за мечот за светската титула во тешка категорија меѓу нив двајцата.

На Фјури и овој пат јазикот му беше побрз.

„Харизматичен си исто колку и моите гаќи – воопшто. Заинтересиран сум само да ти ја скршам фацата. Спортски психолог си, зборуваш 37 различни јазици… па што. Воопшто не си интересен за гледање. Јас сум свежа крв, ти си старец. Цела Европа сака да те види поразен и така ќе биде. Досега се бореше само против глупаци кои внимателно ги бираше твојот менаџмент, но јас не ти се плашам, ти си ништо. Ми изгледаш старо и изгледа користиш ботокс”, зборуваше Фјури за Кличко, кој излезе на промоцијата со сите можни појаси што ги има во својата колекција, а што, всушност, го направи неговиот предизвикувач понервозен.

Глупостите на Фјури изразени во монолог, Кличко го проследи со мала насмевка за на крајот кратко да искоментира.

„Моите раце ќе зборуваат погласно од неговата уста”, рече Кличко.

Тајсон Фјури би требало да биде најтежок противник во кариерата на Украинецот. Има 26 години, а во кариерата учествувал во 24 меча и сите ги добил од кои 16 со нокаут. Висок е 206 сантиметри, осум повеќе од Кличко и има распон на рацете од 216 сантиметри, десет повеќе од украинскиот боксер. Последните години, тој неколку пати го провоцираше Кличко да излезат на мегдан, па неговата желба ќе се оствари на 24 октомври кога двајцата ќе се судрат во Дизелдорф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО