ЕКСКЛУЗИВНО од ФФЦ 19: Ристо Димитров со европската елита во Линц, Австрија!

 

Curino pobednik vo FFC

Водечката регионален боречка промоција Фајнал фајт чемпионшип (ФФЦ) на 18 септември ќе го одржи својот 19-ти настан. Домаќин на новиот ФФЦ спектакл ќе биде австрискиот град Линц што е второто доаѓање на ФФЦ во Австрија, по 6 декември и многу успешната приредба во Виена, а на него ќе настапи и Македонецот Ристо Димитров -Чурино од Битола. 

Најголемото име на целиот настан без сомнение е Алесио Сакара, кој по повеќе од половина година се враќа во борилиштето. За „Легионерот“ настанот во Виена беше кобен, затоа што заработи тешка повреда на раката (бицепсот) на мечот против Мачеј Броварски. По успешната операција и рехабилитација, публиката по втор пат ќе го види УФЦ ветеранот. Со оглед на одличниот настап до повредата на мечот со Броварски, се очекува и на оваа средба да пружи одлична борба. Многу подобро изгледа Сакара во неговата природна полутешка категорија, отколку средна, во која се меачеше во УФЦ. Се уште не се знае кој ќе му биде противникот во втората претстава во ФФЦ.

Risto churino

Битен податок за публиката во Линц ќе бидат настапите на двајца локални борци – Австријанецот Мануел Билиќ и Словенецот Леми Крушиќ, кој, исто така, е жител на овој австриска град. Билиќ на ФФЦ публиката и се претстави во Виена на ФФЦ 16, кога го победи фаворизираната Драган Пешиќ во „најкрвавите меч“ кога и да е одржан на Фајнал фајт чемпионшип. На ФФЦ 19 ќе ги одмери силитеа со нашиот Ристо Димитров-Чурино, кој зад себе има еден успешен настап на ФФЦ. Крушиќ исто така настапи во Виена, но во пресметката со Филип Шаранц беше експресно поразен со давење, поради што сериозно размислуваше за ставање крај на кариерата. Шанса ќе ја бара против Драган Пешиќ – атрактивниот бањалучанин со англиски пасош.

 Првичниот коментар на Димитров е: Тежок и добар противник. Најголема промоција, најголем настап на еден наш професионален спортист. Милиони гледачи во целиот свет. Настанот ќе може да се гледа на Фајт ченел и преку „пеј пер вју“ на интернет, а ќе биде пренесуван и од балканските ТВ станици“.

ФФЦ 19 – Линц:

 Алесио Сакара (ИТА) -. ТБА, -93 кг

Томислав Спаховиќ (БиХ ) – Николај Салчов (ГЕР), -93кг

Метју Батиниќ (ХРВ) –  Прачнио Марсин (ПОЛ), -93 кг

Леми Крушиќ (СЛО) – Драган Пешиќ (АНГ ) , -66 кг

Мануел Билиќ (Австрија) – Ристо Димитров (МАК), -66 кг

Гевен Хуберт (ХОЛ) – Данило Белуардо (ИТА), -70 кг

Хар Флоријан (Австрија) – Фатим Укели (АЛБ) , -84 кг

Дарко Стошиќ (СРБ) – Џон Витасовиќ (ХРВ ), ХВ.

 КБ:

 Дејвид Кецлик (Австрија) – Џејсон Вилнис (ХОЛ), -85 кг

Миран Фабјан (СЛО) – Хенри  Банерт (Австрија), -85 кг

Teo Микелиќ (ХРВ) – Тигран Мовосисјан (ЧЕШ), -70 кг

Антонио Плазибат (ХРВ) – ТБА, -95 кг

Иван Зидар (СЛО) – Закарија Ресаи (АФГ) , -64 кг

Патри Шторц  (ПЛ) – Марко Плешбергер ( Австрија ) , -81кг

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО