Бенеил Дариуш поради повреда мораше подолго да пуазира, а по повеќе од една година конечно договори борба.
Еден од најдобрите борци на УФЦ во лесна категорија ќе се бори со поранешниот двократен шампион на КСВ, Матеуш Гамрот, на 22 октомври на настанот УФЦ 280 во Абу Даби.
Дариуш има седум победи во низа, а во последниот меч во мај минатата година убедливо го совлада Тони Фергусон.
Признава дека се надевал дека ќе добие шанса да се бори за појасот, а сега му преостанува да се бори против деветопласираниот предизвикувач.
„Не се надевав на тоа, но доколку Оливеира инсистираше на борбата против Конор Мек Грегор, УФЦ ќе ја организираше борбата за појасот меѓу мене и Ислам Махачев. Тоа не ме изненади“, изјави Бенеил Дариуш, осврнувајќи се на потенцијалната борба против Дастин Пориер:
„Не сум суперѕвезда, но луѓето ги плаши тоа што јадам ѕвезди. Мислам дека не го ни прашаа дали сака да се бори со мене“.
Дариуш истакна дека тој е првата замена за настанот во Абу Даби доколку Оливеира или Махачев се повредат пред настанот.