Бенеил Дариуш и Арман Царукјан го предводат настанот на УФЦ што ќе се одржи на почетокот на декември

Мечот во лесна категорија меѓу Бенеил Дариуш и Арман Царукјан ќе биде водечки на УФЦ Фајт најт 233 на 2 декември во Остин.

Пресметката меѓу двајцата големи борци треба да понуди вистинско „граплинг“ задоволство, што ги израдува љубителите на ММА.

А програмата на настанот е богата со големи борби. Ден Хукер и Боби Грин ќе се борат во мечот во лесна категорија.

Роб Фонт и Деивсон Фигуердо ќе се сретнат во бантам категорија, додека Шон Брејди и Келвин Гастелум ќе се борат во полусредна категорија.

Миша Тејт се бори со Јулија Авила, а особено интересен треба да биде дуелот меѓу Халил Раунтри Јуниор и Азамат Мурзаканов.

Џаред Канониер поради повреда го откажа настапот против Роман Долиџе, за кого промоцијата бара замена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Junkie (@mmajunkie)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО