Мечот во лесна категорија меѓу Бенеил Дариуш и Арман Царукјан ќе биде водечки на УФЦ Фајт најт 233 на 2 декември во Остин.
Пресметката меѓу двајцата големи борци треба да понуди вистинско „граплинг“ задоволство, што ги израдува љубителите на ММА.
А програмата на настанот е богата со големи борби. Ден Хукер и Боби Грин ќе се борат во мечот во лесна категорија.
Роб Фонт и Деивсон Фигуердо ќе се сретнат во бантам категорија, додека Шон Брејди и Келвин Гастелум ќе се борат во полусредна категорија.
Миша Тејт се бори со Јулија Авила, а особено интересен треба да биде дуелот меѓу Халил Раунтри Јуниор и Азамат Мурзаканов.
Џаред Канониер поради повреда го откажа настапот против Роман Долиџе, за кого промоцијата бара замена.
View this post on Instagram