Бенан Хоџиќ шампион на Балканот, уште шест бронзени медали за Македонија!

 

Benan i Samir

Уште една шампионска титула за Македонија на Балканското првенство за деца во Херецег Нови-Црна Гора, за Бенан Хоџиќ во категоријата на 50 килограми за деца од 12 години. Хоџиќ – Кеикс од Скопје, ви финалето го победи Луан Бекири од Косово со 4-0.

Македонските натпреварувачи денес освоија и шест бронзени медали.

Бронзени медали освоија Бујар Идризи (-30 кг)-Шкумбини од Тетово и Арбен Ферати (-35 кг)-Башкими 2002 од Куманово за деца 11 години, Глигор Хаџикимов (-40 кг) – Штип од Штип за деца 12 години, Владанка Аврамова од Урбан инвест-Кавадрци во кати, Иво Мишачковски (-55 кг) – Металург од Скопје и Мики Живков (-63 кг) – Ботони од Скопје за деца од 13 години.

Vladanka Avramova urban invest

Вчера Ѓорги Петров (-40 кг) од Партизан -Кочани и Јусра Адеми (-40 кг) од Форца-Скопје за деца од 11 години освоија златни медали на Балканското првенство за деца.

Сребрен медал освои Георги Бановски (Гладијатор-Велес) во кати за деца до 14 години, а на Абдурахим Идризи (Форца) во истата категорија му припадна бронзениот медал. Со бронзени медали се закитија Симона Николовска (Ботони) во борби (+ 40 кг) Дардан Цека -Шкендија (-40 кг) до 11 години, Ирена Ристиќ -Ботони (-47 кг)  и Александар Неделковски (Металург) во кати до 13 години.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО