Бен Садик раскажа за деновите поминати во затвор

Познатиот шампион во кик бокс, Џамал Бен Садик, мина два месеци во затвор, откако беше уапсен од белгиската полиција.

Роден во Белгија мароканскиот шампион беше еден од 120-те луѓе затворени во Антверпен и е обвинет за вмешаност во организација што продава телефони за испраќање шифрирани пораки.

Таквите телефони често се користат од криминални организации, бидејќи не можат да се следат од полицијата.

Садик беше меѓу осудените и ја издржува казната. Тој рече дека спиел на под во затвор бидејќи немало доволно кревети за секого.

Кикбоксерот моментално е дома, но носи затворска алка на ногата додека не заврши судењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО