Поранешниот шампион Бен Аскрен се враќа во кафезот овој викенд и ќе се бори против Хорхе Масвидал во Лас Вегас.
„Фанки“ не е од оние кои се фокусираат на противникот и не коментираат за другите, туку обратно. Бен секогаш има нешто да каже за другите во категоријата, како и за оние надвор од неа. Овој пат Аскерн му се посвети на Нејт Дијаз. „Фанки” смета дека Нејт има импресивна статистика и не претставува опасност.
„Нејт Дијаз веќе не е борец од лесна категорија и какви и да кажува глупости тоа нема значење. Тој е со скор 1-3 во полусредна категорија, а тоа е ужасна статистика. Ентони наспроти Дијаз ќе биде забавна борба и мислам дека Петис ќе му го наплеска задникот. Добро работи тоја и ги тера луѓето да се интересираат за него. Ова е забавно, бидејќи понекогаш кажува луди работи.
На пример, една од работите е дека тој е именуван за цар на лесната категорија. Тоа е забавно, бидејќи некако верува, а тоа не е ни близу до вистината. Многу луѓе зборуваат за такви работи и тоа е смешно, затоа што не се со сите. Не гледам закана во полусредина категорија во лицето на Нејт Дијаз“, рече Аскерн.