Британскиот боксер Тони Белју ја задржа ВБЦ титулата во крузер категоријата со синоќешната победа против американскиот ривал БЈ Флорес.
Белју (28-2-1, 18 КО), кој во мај ја освои ВБЦ титулата со победа против Илунг Макабу, доминираше од почетокот на мечот со Флорес и го уриваше противничкот три пати со лево кроше. Откако беше соборен и по четврти пат, Флорес не можеше да продолжи.
„Не ме викаат бомбардер без причина”, рече Белју по победата, а потоа веднаш го прозва Дејвид Хеј.
„Ти го скршив пријателот, и тебе ќе те скршам. Јас сум најдобрата понуда која може да ја добиеш. Предвидуваше дека БЈ ќе ме победи, а скршен е, како што ќе бидеш и ти. Ќе те успијам тебе и твојата смешна фризура“, му порача Белју на поранешниот шампион кој овој пат беше во аголот на спаринг партнерот Флорес.
https://youtu.be/zTXkQWSrHrE