Белју е подготвен да се бори со Усик во полутешка категорија

Британската боксерска ѕвезда Тони Белју е подготвен повторно да се врати во полутешка категорија, за да се сретне со апсолутниот светски шампион Александар Усик (Украина). Веста ја потврди промоторот на англичанецот Еди Херн.

„Белју ми се јави 20 минути по средбата на Усик со Гасиев. Ми рече: Ќе го нокаутирам, сакам да се борам со него во полутеша категорија, за да ги земам четирите појаси“, потврди Херн

Преговорите за супердербито веќе почнаа. Тие беа потврдени и од промоторот на Усик – Александар Красјук.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО