Тренерот на сениорската карате репрезентација во борби, Петар Белистојановски, је презема одговорноста за дефанзивната тактика во одлучувачките борби на нашите каратисти на Светското првенство во Линц, Австрија, кое се одража од 25 до 30 октомври, или, како што рече „за немањето среќа“.
„Иако имавме големи амбиции, иако бевме добро подготвени, сепак нешто не нé посака за да оствариме добар резултат. Знаевме дека ќе биде тешко да се оствари добар резултат. Нешто одлучи, дали лоша тактика, дали лошата среќа реши во борбите на Заборска и Павлов, еве јас ја преземам одговорноста, можеби во едниот меч требаше да бидеме поофанзивни, во другиот подефанзивни. Мене лично, тешко ми падна овој неуспех.“, рече селектор Петар Белистојановски, кој дополни дека иако не освоиле медал, репрезентативците не потфрлиле на СП, истакнувајќи дека каратистите биле во врвна форма, а 60 отсто од нив и во најдобра во кариерата.
Тој нагласи дека подолгорчни подготовки не се направени поради тоа што поголем дел од репрезентативците имале обврски, од тие причини стручниот совет на Карате федерцаијата на Македонија и клупските тренери одлучиле да се прават викенд тренинзи и три дена звршни подготвки во Велес.
За ударот што го доби Наташа Сетфановска по запирањето на борбата со кој и се скрати можноста за настап во четвртфиналето и контроверзните информации кои пристигнуваа од Линц дека лошо се изреагирало со жалбата Белистојаноски рече дека веднаш реагирал кај главниот судија кој исто така признал оти ја прекинал борбата, но страничните судии досудиле поен.
„Тоа е штета, имаше водство од 3-0. По мечот поднесовме жалба, не ја прифатија“, истакна тренерот на репрезентацијата и додаде дека и тој го слушнал и видел ударот по прекинот на борбата.
Симона Заборска и Емил Павлов беа најблиску можност да се борат за медал, но во четвртфиналето беа поразени, а противниците од кои загубија, не се пласираа во финалето, останаа без шанси и за влез во репасажот.
„Очекував многу повеќе од СП во Линц, завршив со три победи и пораз. Во првата борба добив еден тежок удар, но не сакам тоа да биде некакво алиби. Сакам да напоменам дека тоа влијаеше врз моите натамошни борби. Дури се мислевме дали да продолжам понатаму. Во четвртфиналето загубив од Азербејџанецот, кој сега е мој должник, бидејќи и во Баку загубив од него“, рече Емил Павлов и нагласи дека ударот му влијаел на концентрацијата во оваа борба.
„Бев подготвена за ова СП, добро работев во тренажниот процес. Настапот на Светското универзитетско првенство и Универзијадата каде што го освоив медали ми беа мотив повеќе за настап на СП во Линц. За жал, не успеав да освојам медал, забележав три победи, а во решавачката четврта борба загубив по судиското прегласување со минимален резулатат. Се надевам на подобар резултат на Европското првенство во мај“, рече Симона Заборска.
На Светското првенство во Линц учествуваа над 1.000 спортисти од 118 земји. Наредното големо натпреварување на кое ќе учествуваат македонските репрезентативци е Европското првенство кои ќе се одржи во мај наредната година. Тренерот Белистојаноски се надева дека брзо ќе се вратиме на победничките патеки и ќе освоиме медал на ЕП.
Ipon.mk/В.Д.