Белград домаќин на светското првенство во бокс во 2021 година

Следното сениорско првенство во бокс ќе се одржи во Србија.

На вонредниот состанок на Извршниот одбор на АИБА во Будимпешта, беше решено Белград да биде домаќин на најдобрите аматерски боксери во светот во 2021 година.

Белград исто така беше домаќин на Светското првенство во 1978 година.

Последниот Мундијал се одржа во септември минатата година во рускиот Екатеринбург.

https://www.facebook.com/bokserskisavez/posts/1530941093725241
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО