Иако повеќето луѓе мислат дека Витор Белфорт одамна е сенка на најдоброто „јас“, додека Бразилецот смета оти најсилните денови се пред него.
„Феном“ забележа два последователни порази против Роналдо Соуза и Жерард Мусаси, а во следниот меч ќе се бори со Келвин Гастелум.
„Мислам дека моите најдобри денови се пред мене, а не зад мене. Верувам дека мојата втора авантура во спортот ќе биде поголема од првата. Ќе бидам исто толку важен борец, како и претходно. Очекувам во саботата да го покажам најдоброто од себе“.
„Се лутам кога треба да се споредувам со борецот кој сум бил порано. Тоа е невозможно. Сега само сакам да го покажам најдоброто“.
Според Белфорт, успехот во ММА не се мери само со победи и порази.
„Луѓето го гледаат успехот поразлично од мене. Го гледам успехот во тоа да ја преиспишеш сопствената историја и да пронајдеш повторно себе. Токму тоа сакам да го направам како во октагонот, така и надвор од него“.
Но, ако против Гaстелум Витор Белфорт дозволи трет последователен пораз, со тоа дефинитивно уште повеќе ќе се разниша позициите во УФЦ.