Белатор подготвува грандиозно испраќање на Федор Емелијаненко

Претседателот на Белатор, Скот Кокер, рече дека веќе размислува за гала вечер што ќе стави крај на славната кариера на легендата на рускиот самбо и ММА борец Федор Емелијаненко.

Последниот император требаше да стави крај на богатата и лојална служба во боречките вештини оваа есен кога го нокаутира Тим Џонсон на Белатор 269 во Москва, Русија.

Престижната победа над Американецот ќе биде претпоследен пат во кој Федор влегува на бојното поле.

„Подготвуваме многу специјално шоу за да биде неговата „лебедова песна““, рече Кокер за Емелијаненко.

„Тој е најголемиот ММА борец на сите времиња во тешка категорија и заслужува навистина спектакуларно испраќање. Гала вечерта најверојатно ќе биде во Москва налето, ова е негова желба. Да се бори пред домашните навивачи.

„Тоа нема да биде само последниот меч, ќе се обидеме да направиме шоу за паметење за него и за навивачите“, додаде Кокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО