(ВО ЖИВО) Почна „Златниот гонг“

Почна јубилејниот 50-ти „Златен гонг“.

Следенете во живо, ќе известуваме борба по борба.

Во воведната борба јуниорите Петар Арсовски и Реџеп Морина добро ја загеаја атмосферата на финалниот дел од Златниот гонг, а нашиот боксер славеше со поделена одлука над Морина.

-51 кг Шабан Димитров (Бугарија) – Џозеф Мехмуд (Англија) 0-5

Димитров и Мехмуд покажаа технички бокс со жестина на моменти, посебно во втората рунда. Во третата рунда влегоа претазливо чекајќи грешка на противникот. Сепак, Англичанецот беше попрецизен во ударите и затоа му припадна победата.

-54 кг Ростислав Билостоцки (Украина) – Башким Бајоку (Косово) 2-3

Добар и технички дотеран бокс прикажаа Билостоцки и Бајоку во првата рунда, честопати измамувајќиа аплаузи од публиката. Украинецот ја презеде иницијативат во втората рунда, но Бајоку успешно се бранеше и му нанесе повреда на аркадата, а последните секунди ги завршија жестоко. Публиката ги награди со аплауз.

Во третата рунда Бајоку тргна во напад, а тоа даваше резултат со неколку прецизни удари, но имаше и контраудари од Ростислав во глава. Публиката ја дочека борбата со громогласен аплауз, а победата му прпадна на Бајоку кој имаше огромна поодршка од трибините. Ова е борба конкурент за трофеј.

-57 кг Џон Омеара (Англија) – Шон Пурсел (Ирска) 5-0

Во островската пресметка имаше многу одмерување на силите во првата рунда, за на крајот Омеара да зададе директ. Во вората имаше поголема активност, при што Ирецот зададе неколку прецизни удари. Омеара беше по самоуверен во третата рунда и имаше неколку чисти удари, завршувајќи го мечот со аперкат. Победи Омеара.

-60 кг Јасин Лама (Македонија) – Јоан Филипов (Бугарија) 5-0, ТКО Р2

Лама и Филипов водеа борба на средината на рингот, при што нашиот напаѓаше со предна лева а потоа палсираше крошеа или директи. Кроше на почеткот за Лама, за неколку секунди десно кроше и му броеја на противникот. Силен удар во стомакот.

Во втората рунда продолжи со истата тактика кон средината зададе силно десно кроше, потоа следеше уштеедно и напад во црвениот агол по што му броеја на противникот. Одличен лев аперкат, потоа уште една комбинација и судијата ја прекина борбата.

-63 кг Џозеф Тајерс (Англија) – Дин Кланси (Ирска) 4-1

Претпазлива прва рунда со по некој влез. Во втората Тајерс го диктираше темпото напгајќи го противникот со левицата, а два-три пати зададе силни крошеа. Кланси враќаше со комбнаци од два-три удари. Спеак, оние на Тајерс беа попрецизни. Кланси во третата рунда влезе мотивиран со еден удар да ја реши борбата, но почетсо промашуваше, а Тајерс успешно се бранеше и контрираше.

-67 кг Шпетим Бајоку (Косово) – Вајн Кели (Ирска) 5-0, ТКО Р3

Помалку и досадна прва рунда, а во втората повеќе се ангажираа и разменија удари. Во третата Кели имаше повреда на рамото, борбата беше прекината.

-71 кг Јоан Крофт (Велс) – Даврон Бозоров (Молдавија) 5-0

Повремено напаѓаа но без поголем ефект во првата рунда. Кон средината на втората рунда имаше по еден- два прецизни удари со мала иницијатива на Бозоров. Во третата рунда малку пожесток почеток, но често завршуваа во клинч.

-72 кг Лук Мегваер (Ирска) – Ала Алмахмуд (Украина) 3-2

Повеќе надмудрување отколку борба во првата рунда, но покажаа дека имаат свои адути, контри и брзина. Кон крајот на рундата покажаа дека се работи за добри боксери а Украинецот нападна жестоко и пласираше два удари, но и Мегваер врати со контра. Борба од близу форсираше Алмахмуд, но често и двајцатѕа завршува во клинч.

-75 кг Игор Рогиќ (Србија) – Гаран Крофт (Велс) 3-2

Крофт ја водеше борбата за еде-два удари и за нијанса беше попрецизен  во првата рунда против Рогиќ. Српскиот боксер беше поагресивен во втората рунда, но Велшанецот повторно контрираше успешно. Третата рунда беше се или ништо за Рогиќ па тргна во офанзива, имаше свои моменти, а тоа му ја донесе победата.

-80 кг Емир Саботиќ (Црна Гора) – Арон Боен (Англија) 0-5

Саботиќ и Боен не се штедеа во првите две рунди, разменија многу удари. Во третата рунда и двајцата одеа на удар што ќе го речи мечот, но тоа не се случи, а Англичанецот беше подобар и физички поподготвен.

-86 кг Милорад Пуриќ (Црна Гора) – Слободан Јовановиќ (Србија) 2-3

Пуриќ и Јовановиќ боксираа од дистанца во првата рунда, притоа Слободан имаше еден прецизен удар. Втората рунда помина во тактизирање. И третата рунда помина во истиот ритам.

+92 кг Димитрије Мириќ (Црна Гора) – Картни Бенет (Англија) 3-2

Тешакашите Мириќ и Бенет внимателно го започнаа мечот, а на карјот од првата рунда Црнгорецот упати прецизен удар во брадата на Картни. Бенет во третата рунда кон крајот тргна поагресивно и зададе два-три удари, а Мириќ му возврати со еден директ. Диктираа борба од близу во третата рунда, при што често беа во клинч.

Финале „Златен гонг 2021“:

-51 кг Шабан Димитров (Бугарија) – Џозеф Мехмуд (Англија) 0-5

-54 кг Ростислав Билостоцки (Украина) – Башким Бајоку (Косово) 2-3

-57 кг Џон Омеара (Англија) – Шон Пурсел (Ирска) 5-0

-60 кг Јасин Лама (Македонија) – Јоан Филипов (Бугарија) 5-0, ТКО Р2

-63 кг Џозеф Тајерс (Англија) – Дин Кланси (Ирска) 4-1

-67 кг Шпетим Бајоку (Косово) – Вајн Кели (Ирска) 5-0, ТКО Р3

-71 кг Јоан Крофт (Велс) – Даврон Бозоров (Молдавија) 5-0

-72 кг Лук Мегваер (Ирска) – Ала Алмахмуд (Украина) 3-2

-75 кг Игор Рогиќ (Србија) – Гаран Крофт (Велс) 3-2

-80 кг Емир Шаботиќ (Црна Гора) – Арон Боен (Англија) 0-5

-86 кг Милорад Пуриќ (Црна Гора) – Слободан Јовановиќ (Србија) 2-3

+92 кг Димитрије Мириќ (Црна Гора) – Картни Бенет (Англија) 3-2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО