Белатор ја догвори одбраната на титулата на Бадер против пуленот на Федор

Рајан Бадер конечно се враќа во полутешка категорија со одбрана на титулата на Белатор против Вадим Немков.

Двократниот првак на Белатор го договори својот прв настап од минатиот септември и неславната одбрана на титулата во тешка категорија против Чеик Конг. Со надеж дека ќе има вистински противник подготвен за пресметка, на 21 август ќе го предводи настанот Белатор 244 со тоа што ќе ја брани титулата во неговата природна, полутешка категорија. Вадим Немков ќе се обиде да му одземе.

Немков е одличен полутешкаш од Русија и ученик на најголемиот борец на сите времиња, Федор Емелијаненко. Од пристигнувањето во Белатор забележа четири победи и заслужено се наоѓа на позицијата предизвикувач. Последните три победи се над поранешни шампиони, со што докажа дека може да биде многу опасен и за четвртиот. За него ова ќе биде прва борба оваа година.

Оваа борба веќе беше договорена за една од мајските програми на Белатор, кои беа откажани поради пандемијата. Бидејќи втората по големина промоција во светот почна повторно со настаните, внатре во казиното „Мохеган Сонце“ во Анкасвил, така ја искористија можноста да го договорат овој долгоочекуван судир. Сите настани на Белатор во моментот се одржуваат на споменатата локација, под строго контролирани услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО