Белатор и Ризин договараат настан во Јапонија со Федор Емилијаненко

Претседателот на Белатор, Скот Кокер, беше гостин кај Ариел Хелвани и изјави дека организацијата преговара за нов заеднички настан со јапонската Ризин кој би требало да се одржи кон крајот на годината во Јапонија и легендата Федор Емилијаненко да земе учество.

Кокер изјави дека се уште нема ништо официјално, но преговорите се во тек и има голема веројатност тоа да се случи. Легедарният Федор е голема ѕвезда во Јапонија и Кокер сака тој да се бори против Квинтон Џексон – Ремпјеџ, Џош Барнет или некој борец од Јапонија:

„Сè уште ништо не е потврдено. Луѓето знаат дека преговараме со Сакакибара за заеднички настан. Сакам да направиме настан во декември во Саитама супер арена, каде што се случуваат сите големи битки. Дефинитивно, има нешто на кое работиме. Се уште не ги договоривме деталите. Ќе почнеме да зборуваме за борците кога ќе ги поправиме работите.

Многу би сакал Федор да се бори во Јапонија и мислам дека ќе биде забавна битката со него во Јапонија. Негов противник може да биде Јапонец, Квинтон Џексон и Џош Барнет. Ќе биде магична ноќ за Белатор, ако Федор се бори во Јапонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО